Информации за испорака и плаќање

Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се искажани во денари со вклучен ДДВ. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат само за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти. 

Производите порачани преку Sara Kolant оналјн продавницата се испраќаат во рок од 24 часа од моментот на прием на нарачката. Во случај на голема заинтересираност и побарувачка на артикли кои се наоѓаат во Вашата кошничка, ако бараниот артикал не може да биде испорачан поради ограничената залиха од истиот, ќе бидете известени преку мејл во рок од 24 часа.

Доколку нарачката сте ја испратиле во работен ден до 13:00 часот, таа ќе Ви биде пратена истиот ден, и можете да ја очекувата на вашата врата следниот ден во периодот од 08:00 до 18:00 часот. За пратки пратени во петок, испораката се врши во сабота и понеделник. Ако нарачката сте ја испратиле во петок после 13:00 часот, пратката ќе Ви ја испратиме во понеделник. Испораката на пратки ја врши курирската служба Карго Експрес. Испораката се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.

Трошоци за испорака

Доколку износот за плаќање на Вашата нарачка е над 1000 денари доставата е бесплатна.

Доколку Вашата нарачка е за износ до 1000 денари, цената за достава е: 

- До врата: 100 денари

- Подигање од најблиското Карго Експрес претставништво: 70 денари

 

*При нарачка на поголеми производи по волумен и тежина, (ако износот за плаќање е под 1000 денари) можно е доплата од максимум 20 денари за достава.

*Плаќање на врата подразбира плаќање во готово при превземање на пратката.

Курирот два пати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кој сте го оставиле при нарачувањето и со Вас ќе договори нов термин за испорака. Доколку ни тогаш испораката не биде успешна, пратката се враќа во Sara Kolant и ние ќе Ве контактираме како би можеле да ја констатираме причината за враќањето и да договориме повторно испраќање.

При превземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно превземете ја пратката и потпишете му се на курирот.

 

 

 

Sara Kolant Online © 2020. UKION SHOPS